• сабота, 23 ноември 2024

ПСЖ се договори со Руиз

ПСЖ се договори со Руиз
Рим, 8 август 2022 (МИА) – Фудбалерот од средниот ред на Наполи, Фабијан Руиз е блиску до преминување во Пари Сен-Жермен. Францускиот клуб ги договорил условите од договорот со 26-годишниот фудбалер, објави новинарот Фабрицио Романо. Според него, за да се постигне договор за трансферот на ПСЖ и Наполи, останува да се средат некои детали. Спортскиот советник на ПСЖ, Луис Кампос, сака да се реализира трансферот, бидејќи Реал Мадрид сакаше да го потпише бесплатно во летото 2023 година. Беше објавено дека парижаните за играчот од средниот ред ќе платат околу 25 милиони евра. Минатата сезона шпанскиот репрезентативец постигна седум гола и пет асистенции на 38 натпревари за Наполи. Покрај тоа, ПСЖ и Наполи работат на трансферот на голманот Кејлор Навас. зс/

Остани поврзан