• вторник, 24 декември 2024

ПСЖ сака да го купи Павар

ПСЖ сака да го купи Павар
Париз, 21 август 2020 (МИА) - Дефанзивецот на Баерн, Бенџамин Павар, се најде во сферата на интерес на Пари Сен-Жермен, објави „L'Equipe“. Според извештаите на медиумите, парижаните сакаат да купат 24-годишниот француски фудбалер од Минхен. Баерн го проценува Павар на 45 милиони евра. Договорот на дефанзивецот со германскиот тим трае до 30 јуни 2024 година. Во сезоната 2019/20, Павар одигра 47 натпревари за Баерн, постигна пет гола и направи шест асистенции. Павар закрепна од повредата пред три недели и ќе може да игра во финалето на Лигата на шампионите, токму против ПСЖ. Натпреварот е закажан за 23 август. зс/

Остани поврзан