• понеделник, 16 декември 2024

ПСЖ постави негативен рекорд во Лига 1, Енрике задоволен од играта на неговиот тим

ПСЖ постави негативен рекорд во Лига 1, Енрике задоволен од играта на неговиот тим

Оксер, 7 декември 2024 (МИА) – Пари Сен-Жермен синоќа ремизираше на гостувањето кај Оксер (0:0) во натпревар од 14. коло на француската Лига 1.

Фудбалерите на Луис Енрике упатија 11 удари кон противничкиот гол без ниту еден постигнат гол. Ова е антирекорд во францускиот шампионат од почетокот на водење статистика (сезона 2006/07). 

Сепак тренерот Енрике е задоволен од играта на неговиот тим.

-Задоволен сум од играта, не од резултатот, но треба да продолжиме да работиме и да размислуваме позитивно, изјави Енрике за „DAZN“.

По 14 натпревари, парижаните водат во Лига 1 со 34 бода, осум бода повеќе од Марсеј на второто место, но нивните противници имаат еден натпревар помалку. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан