• сабота, 23 ноември 2024

ПСЖ и Борусија Дортмунд први полуфиналисти во Лигата на шампиони

ПСЖ и Борусија Дортмунд први полуфиналисти во Лигата на шампиони

 

Барселона, Дортмунд, 16 април 2024 (МИА) – Фудбалерите на ПСЖ и на Борусија Дортмунд обезбедија пласман во полуфиналето во Лигата на шампиони, откако вечерва во возбудливи реванш четвртфинални натпревари триумфираа над Барселона со 4-1 и над Атлетико Мадрид со 4-2 и со тоа ги анулираа поразите од 2-3 и 1-2 од првите пресметки пред една недела.

ПСЖ на гостувањето во Барселона ја анулираше негативата од 3-2 од првиот натпревар во Париз и го совлада каталонскиот клуб со 4-1 со головите на Дембеле (49), Витиња (54) и Мбапе (61 минута, пенал, 89). Рафиња во 12 минута ѝ донесе водство на Барселона, која од 29 минута беше со играч помалку на теренот поради исклучувањето на Араухо.

На реваншот во Дортмунд, фудбалерите на Борусија го совладаа Атлетико со 4-2 и ја анулираа негативата од 1-2 од првиот натпревар во Мадрид.

Брант (34), Матсен (39), Фулкруг (71) и Сабитцер (74) ги постигнаа головите за Борусија, а на спротивната страна головите дојдоа преку Хумелс (49, автогол) и Кореа (69).

Преостанатите две реванш четвртфинални пресметките се на програмата утревечер.

Бранителот на трофејот Манчестер сити го пречекува Реал Мадрид. Првиот натпревар во шпанската престолнина заврши нерешено 3-3.

Баерн во Минхен, пак, ќе му биде домаќин на Арсенал, откако дуелот во Лондон пред една недела заврши без победник 2-2. ег ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан