• четврток, 01 август 2024

ПСЖ и Бенфика се договорија за трансферот на Невеш

ПСЖ и Бенфика се договорија за трансферот на Невеш


Париз, 1 август 2024 (МИА) – Пари Сен Жермен и Бенфика се договорија за трансферот на Жоао Невеш, објави весникот „Л’Екип“, наведувајќи дека францускиот шампион ќе плати 70 милиони евра со бонуси за услугите на португалскиот фудбалер.
Според истиот извор, Невеш во наредните денови треба и официјално да потпише петгодишен договор со клубот од Париз.
Централниот дефанзивец Невеш (19) беше дел од португалската репрезентација која настапи на Евро 2024.
Во дресот на Бенфика одигра 50 натпревари, постигнувајќи четири голови. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан