ПСЖ заинтересиран за Едерсон
- Пари Сен-Жермен е заинтересиран за голманот на Манчестер сити, Едерсон, пренесува „Daily Mail“.

Париз, 8 октомври 2024 (МИА) – Пари Сен-Жермен е заинтересиран за голманот на Манчестер сити, Едерсон, пренесува „Daily Mail“.
Според британскиот весник, управата на парижаните може следното лето да потпише договор со 31-годишниот Бразилец, а потоа да го продаде Џанлуиџи Донарума.
Едерсон брани за Манчестер сити од јули 2017 година. Во сезоната 2024/25, голманот бранеше на девет натпревари, прими девет гола и два пати ја сочува мрежата чиста.
Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на голманот на 35 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА