• сабота, 23 ноември 2024

ПСЖ го зема Тијаго под носот на Ливерпул?

ПСЖ го зема Тијаго под носот на Ливерпул?
Париз, 3 август 2020 (МИА) - Трансферот на Тијаго во Ливерпул, кој важи за „безбеден“, можеби нема да се случи. Пари Сен Жермен ќе се обиде да го „украде“ играчот од средниот ред на Баерн под носот на „црвените“, тврди локалниот весник „Ле 10 Спорт“. Францускиот шампион ќе се обиде да го засили средниот ред за следната сезона и Тијаго Алкантара е едно од можните нови засилувања. Парижаните се поврзуваат и со Сергеј Милинкович-Савиќ од Лацио, Исмаил Бенасер од Милан и Тимуе Бакајоко, кој е во сопственост на Челси. Тијаго имаше уште една многу добра сезона со тимот на Баерн и како што се очекуваше има кандидати за неговиот потпис. Не се потценува и фактот дека неговиот договор со Баварците истекува следното лето. Ова значи дека Баерн мора да дејствува брзо за да заработи повеќе пари на него. Германските гиганти веќе го привлекоа Лерој Сане од Манчестер Сити и продажбата на Тијаго би била добра можност за враќање на средствата.

Тагови

Остани поврзан