Псаки: Бајден нема намера унилатерално да испрати војска во Украина
- -Само да бидам јасна: нема намера или интерес или желба на претседателот да испрати војници во Украина. НАТО е форум за поддршка на партнерите и земјите од нашето источно крило, и на тоа е фо
Вашингтон, 25 јануари 2022 (МИА) - Американскиот претседател Џо Бајден нема намера унилатерално да испрати американски војници во Украина, откако Вашингтон стави 8.500 војници во состојба на подготвеност за да ги смири партнерите од НАТО во екот на распоредувањето на руски сили долж границата со Украина.
-Само да бидам јасна: нема намера или интерес или желба на претседателот да испрати војници во Украина. НАТО е форум за поддршка на партнерите и земјите од нашето источно крило, и на тоа е фокусот, соопшти портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.
Портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, вчера изјави дека 8.500 војници се информирани да бидат подготвени за брз одговор на силите на НАТО, доколку Алијансата ги повика на должност.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска го обвини Вашингтон дека ги подгрева тензиите околу Украина и го повтори ставот на Москва дека кризата е предизвикана од потезите на САД и НАТО, а не од акумулацијата на десетици илјади руски војници во близина на украинската граница.
Русија распореди околу 100.000 војници долж украинската граница, опколувајќи ја од север и исток, па до југ.
Москва упорно негира дека има некакви планови за напад на Украина и смета дека пораките од Запад се доказ дека Русија е цел, а не агресор. сд/