• недела, 23 февруари 2025

Проштална средба на министерот Муцунски со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Австралија, Даниел Емери

Проштална средба на министерот Муцунски со вонредниот и ополномоштен амбасадор на Австралија, Даниел Емери

Скопје, 15 јануари 2025 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на проштална средба го прими вонредниот и ополномоштен амбасадор на Комонвелтот Австралија во нашата земја, Даниел Емери, соопшти Министерството.

На средбата, министерот Муцунски му се заблагодарил на амбасадорот Емери за, како што рекол,  неговиот значаен придонес во унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји за време на неговиот мандат.

Во текот на разговорот, соговорниците се осврнале на одбележувањето на јубилејот - 30 години од воспоставувањето на билатерални односи помеѓу двете земји, како и на важната улога што ја има македонската дијаспора во Австралија. Таа, оцениле, претставува вистински мост за поврзување меѓу граѓаните на двете земји и значаен фактор во билатералната соработка.

Особен акцент бил ставен на можностите за унапредување на економската соработка и зголемување на трговската размена меѓу двете земји.

Министерот Муцунски и амбасадорот Емери разговарале и за продлабочување на соработката во повеќе области од заеднички интерес, вклучително во сферата на образованието, науката, здравството, културата и туризмот. На средбата биле разменети мислења и за актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко. сст/дма/

фото МНРНТ

Остани поврзан