• понеделник, 26 август 2024

Професорот Игор Неделковски, избран за нов ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола

Професорот Игор Неделковски, избран за нов ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола
Битола, 1 јуни 2022 (МИА) - Професор д-р Игор Неделковски е избран за нов ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола. На денешните непосредни, тајни избори што се одржаа на сите високобразовни единици на УКЛО, кандидатот за ректор, д-р Неделковски освои 157 гласа или 11,046 процентни поени, со што обезбеди тригодишен мандатен период на чело на битолскиот Универзитет. Професор д-р Игор Неделковски е актуелен проректор на УКЛО, а претходно ја вршеше академската функција декан на Факултетот за информатички и комуникациски технолигии во Битола. Неделковски во периодот од 2012 до 2016 година беше претседател на Македонско научно друштво-Битола. мт/мс/

Остани поврзан