• петок, 26 јули 2024

Противпожарна Кавадарци со апел за внимателност, при палење меѓи на ниви се предизвикуваат пожари

Противпожарна Кавадарци со апел за внимателност, при палење меѓи на ниви се предизвикуваат пожари

Кавадарци, 16 јули 2024 (МИА) - Територијалната противпожарна единица Кавадарци со апел за внимателност, при палење меѓи на ниви се предизвикуваат пожари, алармираа оттаму, денеска во изјава за МИА. Притоа информираа дека неколку пожари за кратко време деновиве, биле предизвикани, најверојатно, токму поради неодговорни поединци. 

- Според нашите информации, најверојатно запалиле меѓи на земјоделските имоти и со заминале. Таков пожар на четири места беше предизвикан  на висорамнината Љубаш во само една ноќ пред само неколку дена, причината најверојатно е човечки фактор, посочија од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци.

Додаваат дека денеска повторно имале еден таков пожар во росоманското село Сирково и само навремената интервенција на пожарникарите спречила да се прошири пожарот. Според нивните сознанија, најверојатно и овде се работело за човечки фактор, неодговорност на поединци. 

Од Противпожарната единица упатија апел за внимателност до сите, со цел превентивно да се влијае и да се спречи појавата на пожари. Особено во услови на многу топло време. свд/цр


Фото: МИА

Остани поврзан