• вторник, 24 декември 2024

Елче противник на ЖРК Ѓорче Петров во Европскиот куп на ЕХФ

Елче противник на ЖРК Ѓорче Петров во Европскиот куп на ЕХФ

Келн, 22 јануари 2024 (МИА) - Македонскиот ракометен шампион ЖРК Ѓорче Петров го доби тимот на Елче за противник во четвртфиналето на Европскиот куп на ЕХФ, одлучено е на денешната ждрепка во Келн.

„Лавиците“ првиот натпревар во четвртфиналето ќе го играат на гостински терен.

Другите двојки за четвртфиналето во третото по квалитет клупско натпреварување под покровителство на ЕХФ се:

Гранољерс (Шпанија) - Гран Канарија (Шпанија)
Михаловце (Словачка) - Венло (Холандија)
Бенфика (Португалија) - Јаликаваспор (Турција).

Четвртфиналните пресметки се закажани за 9/10 и на 16/17 март. зс/

Фото: ЕХФ

Остани поврзан