• понеделник, 23 декември 2024

Протест против рестриктивните мерки за невакцинираните граѓани

Протест против рестриктивните мерки за невакцинираните граѓани
Скопје, 15 август 2021 (МИА) - Под мотото „Стоп за присилната вакцинација“ вечерва во Скопје се одржа протест на граѓани кои го изразија своето незадоволство од најавените рестриктивни мерки кои треба да стапат на сила од утре, а со кои во угостителските објекти ќе можат да влезат само вакцинираните и оние кои прележале Ковид-19 изминатиот месец ипол. Според присутните на протестот, со новите мерки им се ускратува слободата, се кршат човековите права и се дискриминираат оние граѓани кои не сакаат да се вакцинираат. - Сите имате избор, бидете слободни, бидете дел од народот. Се кршат човековите права, ова е битка помеѓу злото и доброто, рекоа присутните. Протестот почна пред Собранието по што продолжи пред Владата. свс/бак/

Остани поврзан