• недела, 22 декември 2024

Протест против владината репресија на Шри Ланка

Протест против владината репресија на Шри Ланка
Коломбо, 9 август 2022 (МИА) - Стотици граѓани на Шри Ланка денеска протестираа против владината репресија и примената на Законот за вонредна состојба против демонстранти. Протестот го предводеа верски и синдикални лидери. Демонстрантите во Коломбо одржаа протестен марш и најавија повеќе барања до властите. Меѓу другото, тие побараа да се укине вонредната состојба, да нема апсење на мирни демонстранти и веднаш да се распушти Парламентот. Тие се незадоволни од претседателот Ранил Викремесинге, кој Парламентот го избра да го доврши мандатот на Готабаја Раџапакса. По масовните протести поради колапсот на економијата, Раџапакса побегна од земјата и поднесе оставка преку електронска пошта. Новиот претседател, Викремесинге ги овласти војската и полицијата да ги растурат камповите на демонстрантите и да ги уапсат оние, кои за време на немирите учествувале во заземање на претседателската палата и зградите на други институции. Тој денеска го посети Генералштабот и им се заблагодари на војниците кои го штителе Парламентот, каде демонстранти се обидоа да влезат минатиот месец. бд/ми/

Остани поврзан