• вторник, 12 ноември 2024

Протест на граѓанската иницијатива „За чист воздух во Кочани“ пред ДИЖС во Скопје

Протест на граѓанската иницијатива „За чист воздух во Кочани“ пред ДИЖС во Скопје
Кочани, 12 мај 2022 (МИА) – Под мотото „Кочанска скара на сончогледови пелети“ претставници од граѓанската иницијатива „За чист воздух во Кочани“ денеска огранизираа протест пред Државниот инспекторат за заштита на животна средина во Скопје, за да го искажат незадоволството на граѓаните на Кочани поради континуираното загадување на воздухот од компанијата „Пејпр мил“. Присутните на протестот истакнаа дека веќе неколку години бараат надлежните државни органи да преземаат мерки и да го спречат аерозагадувањето, но и нарушувањето на квалитетот на водата во реките и почвата во кочанскиот регион. - Протестот го реализиравме како уметнички перформанс, при што симболично изложивме црни стебла од сончоглед и рентгенски снимки од оштетени органи за дишење, со што сакаме да укажеме дека користењето сончогледови пелети како енергенс во фабриката за хартија, ги зацрнува белите дробови на нашите граѓани. На случајните минувачи им делевме ќебапчиња затоа што загадувањето на воздухот во Кочани се оправдуваше со чадењето на скарите од угостителите. Нашата цел е сериозно да укажеме дека не се преземаат никакви мерки против нарушувањето на животната средина, а цената за тоа ја плаќаме сите со нашето нарушено здравје, истакна Орце Николов, претставник од иницијативата „За чист воздух во Кочани“. Анализите што самоиницијативно ги направиле еколошките активисти покажале висок степен на загаденост на воздухот и нарушување на подземните води и почвата. Во меѓувреме, го очекуваат и резултатот од судската постапка, по поднесената пријава до обвинителството против компанијата „Пејпр мил“. та/фф/

Остани поврзан