• среда, 25 декември 2024

Протест за легализација на абортусот во Мексико Сити

Протест за легализација на абортусот во Мексико Сити
Мексико Сити, 29 септември 2020 (МИА) - Жени демонстрантки кои бараат легализација на абортусот се судрија со полицијата и фрлаа молотови коктели на улиците на Мексико Сити. Жените кои носеа зелени марами, кои станаа симбол на движењето за слобода на избор во Латинска Америка, се собраа во главниот град да го одбележат Меѓународниот ден на сигурен абортус. Полицијата, меѓу која имаше и многу жени, одговори со солзавец, а најмалку еден полицаец беше повреден. Во Мексико абортусот е забранет надвор од главниот град и јужната држава Оахака, која го легализираше минатата година. Во останатиот дел на Мексико абортусот е дозволен само во посебни околности, како што е силување. паг/  

Остани поврзан