• среда, 11 јуни 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Протести во Париз поради израелскиот напад врз Рафа

Протести во Париз поради израелскиот напад врз Рафа

Париз, 29 мај 2024 (МИА) – Неколку илјади луѓе синоќа протестираа во главниот град на Франција, Париз поради израелскиот напад врз Рафа. Демонстрантите носеа голем транспарент на кој пишуваше „Стоп за геноцидот“.

Француската еврејска унија за мир, од своја страна, истакна транспарент „Евреите и антиционистите се залагаат за еднакви права“.

Насобраниот народ извикуваше „Израел е убиец, Макрон е соучесник“, „Сите сме деца на Газа“ и „Израел ги убива децата на Палестина“.

На митингот беа истакнати партиските знамиња на француската радикална левица, синдикатот и организацијата „Палестинска револуција“. ми/

фото: ЕПА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан