Протести во Киев против сертификатот за вакцинација
Повеќе од илјада луѓе блокираа неколку улици во центарот на Киев, протестирајќи против сертификатите за вакцинација и рестриктивните мерки против коронавирусот.
Киев, 3 октомври 2021 (МИА) - Повеќе од илјада луѓе блокираа неколку улици во центарот на Киев, протестирајќи против сертификатите за вакцинација и рестриктивните мерки против коронавирусот.
Демонстрантите, претежно жени и помлади, немаа маски и носеа пароли на кои пишуваше „Не за ковид пасоши“.
Тие се собраа пред зградата на Собранието во знак на протест против одлуката дека наставниците, владините функционери и другите работници мора да бидат целосно вакцинирани до 8 ноември или ќе останат без плата.
Исто така, патниците во воздушниот, железничкиот и меѓуградскиот сообраќај мора да достават задолжителен доказ за вакцинација или негативен тест за ковид. Мерките се воведени поради рекордниот број новозаразени и смртни случаи што Украина ги регистрира последните денови.
Украинците имаат на располагање три вакцини - „Модерна“, „АстраЗенека“ и „Синовак“, но само 17,1 отсто од 41 милион жители се вакцинирани. паг/
Mia.mk користи колачиња Ние користиме колачиња за да го подобриме вашето искуство со прелистување, да опслужуваме персонализирани реклами или содржини и да го анализираме нашиот сообраќај. Со кликнување на „Прифати“, се согласувате со нашата употреба на колачиња.