• среда, 27 ноември 2024

Протести во Варшава поради репресиите на Лукашенко во Белорусија

Протести во Варшава поради репресиите на Лукашенко во Белорусија
Варшава, 9 август 2021 (МИА) - Стотици луѓе, од кои најголемиот број Белоруси, кои се во егзил во Полска, вчера маршираа во знак на протест поради политичката репресија во Блорусија.. Демонстрантите носеа црвено-бели знамиња на белоруската опозиција и извикуваа „Да живее Белорусија“. Повод за протестот беше годишнината од претседателските избори во Белорусија, на кои претседателот Александар Лукашенко освои шести мандат, а според опозицијата и голем број западни држави изборите биле наместени. По 9 август минатата година белоруските власти почнаа пресметка со противниците, кога во земјата избија масовни антивладини протести. Поради учество во повеќемесечните демонстрации уапсени се над 35.000 луѓе, а на мета на власта беа и новинари кои известуваа од протестите. Едно од барањата на демонстрантите беше и ослободување на политичките затвореници. Демонстрантите се движеа од центарот на Варшава кон Амбасадата на Белорусија, а поминаа и пред амбасадите на САД и на Русија. Тие пред Амбасата на Русија го обвинија претседателот Владимир Путин дека е одговорен за репресиите во Белорусија. Полска, заедно со Литванија и Украина, е главната дестинација за Белорусите кои ја напуштија својата татковина. ми/

Остани поврзан