• вторник, 24 декември 2024

Просечната нето плата во Србија во декември околу 750 евра

Просечната нето плата во Србија во декември околу 750 евра

Белград, 26 февруари 2024 (МИА) - Просечната нето плата во Србија во декември 2023 година изнесува 95.093 динари, додека просечната бруто-плата 130.405 динари, соопшти денеска Српскиот завод за статистика.

Просечната нето заработка за декември 2023 година изнесува 69.842 динари, што значи дека 50 отсто од вработените оствариле заработка до тој износ.

Просечните бруто-плати номинално се повисоки за 13,1 отсто во однос на истиот месец од 2022 година, а нето-платите за 12,9 отсто, додека реалниот раст на бруто-платите е 5,1 отсто, а нето-платите 4,9 отсто.

Растот на бруто и нето заработката, во периодот јануари - декември 2023 година, во однос на истиот период лани, номинално изнесува 14,8 отсто или реално 2,4 отсто.

Фото: МИА архива

Остани поврзан