• среда, 25 декември 2024

Просечната нето-плата во јуни 36.527 денари 

Просечната нето-плата во јуни 36.527 денари 

Скопје, 21 август 2023 (МИА) - Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни годинава изнесува 36.527 денари и во однос на јуни лани е зголемена за 14,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. 

Зголемувањето се должи, пред сѐ, на растот на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Градежништво (19,6 проценти), Информации и комуникации (17,9 проценти) и Образование (17,5 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (6,3 проценти), Рударство и вадење на камен (5,7 проценти) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3,2 проценти).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во јуни изнесува 54.720 денари. лв/бак/

фото:МИА архива 

Остани поврзан