• понеделник, 29 јули 2024

Пронајден починат работник удавен во шахта кај Радовиш

Пронајден починат работник удавен во шахта кај Радовиш
Струмица, 10 април 2021 (МИА) -  Во полициска станица Радовиш вчера во 17:50 часот било пријавено дека во шахта на магистралниот пат во изградба А-4 Штип-Радовиш, во близина на крстосница за селото Бучим, било пронајдено починато лице, соопштија од СВР Струмица. Увидна екипа од ОВР Радовиш, трудов инспектор и лекар извршиле увид на местото на несреќата, при што било утврдено дека станува збор за Б.Б.(49) од Скопје, кој додека извршувал работни задачи за една компанија, паднал во шахтата со вода и се удавил. Од обдукцијата, извршена по наредба на Јавен обвинител, е потврдено дека причина за смртта е давење. рт/сст/

Остани поврзан