• петок, 05 декември 2025

Пронајден е 52 - годишниот кумановец кој беше пријавен за исчезнат

Пронајден е 52 - годишниот кумановец кој беше пријавен за исчезнат

Куманово, 6 септемри 2025 (МИА) - Пронајден е педесет и двегодишниот кумановец кој беше пријавен за исчезнат, соопшти денеска СВР Куманово. Кумановецот е пронајден вчера во 14.40 часот на граничен премин Табановце.

- Пронајден е С.П. (52) од Куманово кој на 3 септември, годинава бил пријавен дека се оддалечил од неговиот дом, соопшти полицијата.

Исчезнувањето го пријавил неговиот татко 79 - годишниот Т.П., посочувајќи дека од домот се оддалечил неговиот син С.П.(52), кој имал здравствени проблеми. ам/вг/


Фото МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан