• понеделник, 23 декември 2024

Пронајден диносаурус голем колку паметен телефон

Пронајден диносаурус голем колку паметен телефон
Лос Анџелес, 7 јули 2020 (МИА) - Археолози во САД го пронајдоа најмалиот диносаурус, засега познат, кој живеел во праисторијата. Суштеството било долго околу 10 сантиметри, односно не поголемо од денешен обичен телефон. Како што соопшти американската Национална академија на науки, суштеството било претходник на диносаурусите и летечките птеросауруси. - Ова мало животинче денес би било одлично домашно милениче. Но, се работи за возрасно, пораснато суштество. На тоа укажуваат оние специфични годови кај коските, нагласи Кристијан Камерер, палеонтолог од Музејот за природни науки во Северна Каролина и одговорен за новите истражувања. Диносаурусот го доби името „Kongonaphon kely“, а живеел на Мадагаскар пред 237 милиони години.  си/

Остани поврзан