• понеделник, 23 декември 2024

Пронајдено телото на потпретседателот на Малави по авионската несреќа

Пронајдено телото на потпретседателот на Малави по авионската несреќа

Лилонгве, 11 јуни 2024 (МИА) - Потпретседателот на Малави, Саулос Чилима (51) и уште девет лица загинаа во авионска несреќа, соопшти денеска претседателот на таа африканска земја, Лазарус Чаквера.

Остатоците од воениот авион со потпретседателот Чилиму се пронајдени во планинска област на северот на земјата, по еднодневна потрага, пренесоа американските медиуми.

За време на телевизиското обраќање до нацијата, Чаквера рече дека немало преживеани во падот.

Неколку стотици војници, полицајци и персонал на планината го бараа авионот со поранешната прва дама Шанил Џимбири, откако исчезна од радарите вчера наутро, кога требаше да полета од главниот град Лилонгве до Мзузу, 45 минути оддалечено југ.

Контролата на летање соопшти дека авионот не се обидел да слета на аеродромот Мзузу поради лошите временски услови и слабата видливост и побарал да се врати во Лилонгве.

-Контактот со контролата на летање беше изгубен кога авионот исчезна од радарот, додаде претседателот. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан