• сабота, 06 декември 2025

Пронајдено огревно дрво без документација во Кавадаречко, приведено едно лице

Пронајдено огревно дрво без документација во Кавадаречко, приведено едно лице

Скопје, 7 март 2025 (МИА) - Кај кавадаречкото село Фариш вчера во 16.00 часот на магистралниот пат Градско – Прилеп, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле З.Д.(61) од село Голем Радобил, прилепско, соопштија денеска од МВР.

При контрола на патничко возило „фолксваген пасат“ со прилепски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени огревни дрва за кои не поседувал соодветна документација, моторна пила и други предмети. Дрвата, возилото и останатите предмети биле предадени на Шумска полиција од Кавадарци за понатамошна постапка. цр/ац/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан