• понеделник, 23 декември 2024

Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена

Пронајдено безживотното телото на стружанецот по кој се трагаше два дена

Струга, 23 октомври 2024 (МИА) - Во атарот на струшкото село Глобочица денеска околу пладне е пронајдено безживотното тело на 60-годишниот жител на Струга, кој пред два дена беше пријавен за исчезнат, потврди за МИА портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

Според него, телото на К.М. било без траги на насилство, а смрт констатирала медицинска екипа.

Увид на местото извршила полициска екипа во присуство на јавен обвинител. Телото на починатиот е предадено на обдукција.

Лицето било пријавено за исчезнато во понеделникот доцна попладнето во реонот на селото Брчево, каде собирал шумски плодови и не се вратил во својата викенд куќа, а не можело да се воспостави ниту телефонска комуникација.

По него трагаше екипа на полицијата, Планинската спасителна служба (ПСС) при Црвен крст Охрид и локално население. сс/хс/

Фото: Архива Планинска спасителна служба

Остани поврзан