• среда, 25 декември 2024

Пронајдени фосили од желка со големина на автомобил

Пронајдени фосили од желка со големина на автомобил
Лос Анџелес, 13 февруари 2020 (МИА) - Во Јужна Америка уште се откриваат фосили од желки со големина на автомобил. Новите се пронајдени во пустината Татакоа во Колумбија и областа Урмако од Венецуела, пренесува Би-Би-Си. Желка наречена stupendemys geographicus, како што се претпоставува, живеела во областа пред седум до 13 милиони години. Првите фосили од ваква желка се пронајдени 1970-тите години, но овие животни сè уште се мистерија за научниците. Долги се четири метри, односно биле големи и тешки колку еден просечен автомобил и ги населувале мочуришните предели ширум Јужна Америка, пред да се создадат реките Амазон и Ориноко. Денешните џиновски желки, за споредба, растат до 1,5 метри во должина. Мажјаците имале издолжен преден дел од оклопот, во облик на рог, а длабоките лузни на фосилите укажуваат дека тие биле користени како одбрана против противниците. Желките живееле на дното на езерата и реките, заедно со џиновските крокодили, и се хранеле со помали животни, растенија, овошја и семиња. Нивната големина била клучна во одбраната против другите грабливци. Во еден од пронајдените фосили има заглавен скршен заб од крокодил. си/сд/

Остани поврзан