Пронајдени пиротехнички средства во Скопје, приведено едно лице
- Полициски службеници на подрачјето на Бит Пазар денеска лишиле од слобода скопјанец откако на неговата импровизирана тезга била пронајдена поголема количина пиротехнички средства.

Скопје, 16 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници на подрачјето на Бит Пазар денеска лишиле од слобода скопјанец откако на неговата импровизирана тезга била пронајдена поголема количина пиротехнички средства.
- Денеска околу 14:00 часот на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Полициската станица Бит Пазар го лишиле од слобода М.Р.(33) од Скопје. При контрола на негова импровизирана тезга била пронајдена и одземена поголема количина разновидни пиротехнички средства, соопштуват поладнево од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против него ќе поднесе пријава по член 396 од Кривичниот законик. фф/бак/
Фото: МВР