• сабота, 05 октомври 2024

Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско,  приведено едно лице

Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско,  приведено едно лице

Скопје, 5 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Демир Хисар при СВР Битола вчера во близина на село Сладуево, демирхисарско, го лишија од слобода Е.Е.(53) од село Калишта, струшко.

Како што соопшти денеска МВР, при преглед на патничко моторно возило  „ауди" со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.Е., биле пронајдени над 50 килограми марихуана.

Лицето е приведено во полициска станица Демир Хисар, поднесена е кривична пријава и предадено на ОЈО Битола. дма/

Фото: МВР
 

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан