• недела, 28 јули 2024

Пронајдена граната на гробиштата во селото Мирковци

Пронајдена граната на гробиштата во селото Мирковци
Скопје, 30 мај 2020 (МИА) - Вработен во погребалниот сервис „Бутел“ вчера пронашол граната додека копал за гробно место на гробиштата од црквата Св. Никола во селото Мирковци. Како што информира МВР, во текот на вчерашниот ден во 09.40 часот во Полициското одделение Мирковци, вработен во погребален сервис Бутел пријавил дека на гробиштата од црквата Св.Никола во село Мирковци, додека копал за гробно место, пронашол граната со должина од околу 30 см. Увидот бил извршен, а гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.бт/сст/

Остани поврзан