• недела, 24 ноември 2024

Промоција на публикацијата „ЗБОРУВА АКТО! 2006-2020“

Промоција на публикацијата „ЗБОРУВА АКТО! 2006-2020“
Скопје, 29 октомври 2022 (МИА) - Во рамки на 17. АКТО фестивал за современи уметности – Современи (не)демократии II: Грижата и заедничките простори, во Музејот на современа уметност денеска со почеток во 12 часот ќе биде промовирана публикацијата „ЗБОРУВА АКТО! 2006-2020“. По промоцијата ќе следи и презентација на визуелната и аудио инсталација „Хусински рудар (моето минато е ваша иднина)“ со Бранко Шимиќ. Фестивалот АКТО е продуциран од организацијата „Факултет за работи што не се учат - ФРУ“ и е поддржан од Министерство за култура, Европска унија - проект „Острови на сродност“, ГЕТЕ институт – Скопје, Фондација „Хајнрих Бoл“. Настанот се реализира во партнерска соработка со Музејот на современа уметност – Скопје. сх/сп/

Остани поврзан