Промоција на проект „Застапување за дигитална инклузија“
- Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ и ЗЕТА – Здружение за попреченост и правда ќе го претстават заедничкиот проект „Застапување за дигитална инклузија“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.
Скопје, 11 март 2026 (МИА) - Здружението за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“ и ЗЕТА – Здружение за попреченост и правда ќе го претстават заедничкиот проект „Застапување за дигитална инклузија“, поддржан од Владата на Швајцарија преку програмата Цивика мобилитас.
Проектот има за цел да придонесе кон унапредување на човековите права на лицата со попреченост преку системско застапување за дигитална инклузија, како и јакнење на капацитетите на организациите на лица со попреченост и работата на ИППГ за правата на лицата со попреченост, во согласност со Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.
Како што информираат организаторите, во рамки на настанот ќе се одржат тематски работилници посветени на: предизвиците во системот за обезбедување асистивна технологија, институционалните предизвици во примената на асистивната технологија во образованието, вклучуваќи го и предучилишниот систем.
Учесниците ќе имаат можност активно да придонесат во креирање на конкретни препораки кои ќе бидат доставени до надлежните институции со цел подобрување на системот за поефикасна примена на асистивната технологија. сст/паг/
Фото МИА архива