• сабота, 23 ноември 2024

Промоција на новата судница со ИКТ-опрема во Основниот кривичен суд Скопје

Промоција на новата судница со ИКТ-опрема во Основниот кривичен суд Скопје
Скопје, 28 октомври 2022 (МИА) - Во Основниот кривичен суд Скопје денеска ќе биде промовирана новата судница со што завршува инсталирањето на ИКТ-опрема во пет суда, како дел од оперативниот план за дигитализација на правосудството. Опремувањето на судниците е направено со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во земјава. - Промотивен настан во рамките на опративниот план за дигитализација на правосудството и презентација на судницата 23 опремена со ИКТ-опрема со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје. Судницата е една од петте судници во различни основни судови кои беа опремени со нивна поддршка, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Најавено е обраќање на министерот за правда Никола Тупанчески, шефот на Мисијата на ОБСЕ, амбасадорот Клеменс Која, претседателот на Основиот кривичен суд Иван Џолев и претседателот на ИКТ-советот Лазар Нанев. фф/бак/

Остани поврзан