• сабота, 23 ноември 2024

Промоција на новата Развојна рамка „Трансформација 28” на Црвениот крст на РСМ

Промоција на новата Развојна рамка „Трансформација 28” на  Црвениот крст на РСМ

Скопје, 17 октомври 2023 (МИА) - Црвениот крст на Република Северна Македонија, под покровителство на вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, денеска организира настан за промоција на новата Развојна рамка „Трансформација 28”.  

Во новата развојна рамка на Црвениот крст ќе бидат претставени организациските промени во 24 области од делокругот на работењето на оваа организација. Тие, како што е најавено, ќе претставуваат развојни постулати во следниот петгодишен период за иницирање нови, иновативни процеси со цел поголема ефикасност и ефективност во работењето, како и во задоволувањето на потребите на корисниците на услуги.

Во рамки на настанот се предвидени и две панел дискусии со учество на еминентни говорници од различни сфери на општествениот живот, а темите се: „Градење здраво и безбедно општество и потребата од ефикасно мобилизирање на ресурси за одговор на современите хуманитарни предизвици”, како и „Модалитети и можности за обезбедување на поефикасен одговор при итни состојби”. мч/вг/

фото: МИА архива

Остани поврзан