Промоција на македонските спортисти кои ќе настапат на Олимпијадата во Токио
- Во просториите на Македонскиот олимписки комитет денес беа претставени осумте македонски спортисти кои ќе учествуваат на Олимписки игри во Токио.

Скопје, 14 јули 2021 (МИА) – Во просториите на Македонскиот олимписки комитет денес беа претставени осумте македонски спортисти кои ќе учествуваат на Олимписки игри во Токио.
Македонската експедиција со репрезентативци во Јапонија ќе ја сочинуваат:

- Блажевска Еминова Миа - пливање 100 м.
- Бранковски Борјан – спортско стрелаштво 10 м. воздушен пиштол
- Георгиевски Дејан – таеквондо - +80 кгр
- Деркоски Филип – пливање 400 м.
- Јованоска Пулексенија – карате - ката
- Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил – 97 кгр
- Реџепи Арбреша – џудо - 52 кгр
- Стојоски Јован – атлетика 400 м.