• петок, 05 декември 2025

Промоција на книга и претстава за деца денеска на „Скопско лето“

Промоција на книга и претстава за деца денеска на „Скопско лето“

Скопје, 11 јули 2025 (МИА) - На програмата на 46. фестивал „Скопско лето“ денеска ќе биде промовирана книга и ќе биде изведена претстава за деца.

Во Музејот на македонската борба за самостојност од 11 часот ќе се одржи промоција на книгата „Предизвикот Ништо“ од Давор Тоциновски.

Во амфитеатарот зад  Спомен-куќата Мајка Тереза, пак, од 20 часот ќе биде изведена претставата за деца „Штурците и мравките“ во режија на Роберт Ристов и во продукција на Театар Провокација.

Во претставата играат: Мирјана Поповска Ристов (мравката Ленче и мравката Менче); Радо Алексовски (помладиот штурец) и Роберт Ристов (постариот штурец). Билетите се во продажба на karti.com.mk, а ќе се продаваат и пред почетокот на настанот на локацијата каде што ќе се одржува. 

-Книгата на Тоциновски претставува текстуално документирани ликовни перформанси, а претставата е мјузикл за најмалата публика, која е работена по мотиви од басната „Штурецот и мравката“, соопшти „Скопско лето“ во најавата за денешните фестивалски настани. хс/дма/

Фото: Фестивал „Скопско лето“



Остани поврзан