• сабота, 23 ноември 2024

Промоција на два истражувачки труда за јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон ЕУ

Промоција на два истражувачки труда за јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон ЕУ
Скопје, 24 февруари 2022 (МИА) - Фондација „Конрад Аденауер“ и Институт за демократија денеска ќе организираат промоција на два истражувачки труда „Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија (2014 – 2021)“ и „Од пофалби до разочарувања: 2021 Анализа на јавното мислење за македонскиот процес на пристапување кон Европската Унија“. Како што информираат организаторите, текстовите се изработени врз основа на истражувањето на јавното мислење за евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија спроведено во ноември 2021 година. Истражувачките трудови ќе бидат претставени од страна на д-р Иван Дамјановски, Зоран Нечев и Анамарија Велиновска. На настанот ќе се обратат амбасадорката на Германија во земјава, Анке Холштајн, претседателот на Институтот за демократија Марко Трошановски и директорот на Канцеларијата на Фондацијата „Конрад Аденаур“ во Скопје, Даниел Браун. фф/сп/

Остани поврзан