• петок, 05 декември 2025

Промовиран романот „Вкусот на задоволството“ од Ива Стојчевска

Промовиран романот „Вкусот на задоволството“ од Ива Стојчевска

Тетово, 3 октомври 2025 (МИА) - Националната библиотека „Кочо Рацин од Тетово денес организираше промоција на книга, роман со наслов „Вкусот на задоволството“ од авторката Ива Стојческа. Ова е втор роман на младата авторка, како продолжение на првиот „Вкусот на стравот“.

-Мотивот за да ги напишам овие книги беше тоа како се обработуваат детските трауми и како тие влијаат понатаму врз човечкиот живот, поточно дека треба да се побара помош доколку имаме некоја траума, затоа сум му го предочила ова во еден психотрилер. Првиот дел е „Вкусот на стравот“ тука, читателите се запознаваат со Никол и Каролина кои се главните ликови во оваа приказна. Во првиот дел од приказната оди така што се прикажува сегашноста и минатото на тие два главни лика, односно кога биле деца и сега. Кога биле деца се прикажуваат траумите и малтретирањето, а во сегашноста како едната се одмаздува врз другата. Во вториот дел одмаздување е продолжено, а тука се јавува еден нов лик меѓу страниците кои во првата книга бил само помеѓу тивките страници, тивките редови сега исто така доживува еден подем и станува еден од главните ликови, вели Ива Стојческа.

Рецензетката Славица Дабевска Ќировска рече дека „Вкусот на задоволството“, е психолошки трилер, којшто го води човекот да размислува.

- Дали длапките на животот треба да ги пополниме со човечки падови или со човечки задоволства. Навистина роман, којшто не води сите да се замислиме до каде може да оди човечката непромисленост, и одмазда, одмаздољубивост. Тоа е една човечка димензија којашто секој од нас треба да ја преиспитуваме. И покрај тоа, ако се најдеме во некои дилеми за нашето утре, токму Ива Стојческа млада авторка којашто будно го држи читателот цело време во неизвесност, дали овие сурови автори од романот ќе најдат нешто човечко и ќе го надминат она што навистина суровоста не смее да ја поседува ниту едно човечко битие. Препорачувам секој читател да ја прочита и да знае дека на секоја суровост треба еднаш да кажеме доста, истакна Дабевска Ќировска.

На промоцијата се обратија и директорот на библиотека Бинас Пајазити, како и библиотекарката Габриела Ристовска. Ива Стојчевска е родена 2006 година, а има издадено и две збирки со поезија. Студира компјутерски науки.ас/вј/

Фото: МИА 

Остани поврзан