• четврток, 26 декември 2024

Промовирано идејно решение за нов кружен тек со војводата Александар Турунџев на сообраќајница во Битола

Промовирано идејно решение за нов кружен тек со војводата Александар Турунџев на сообраќајница во Битола

Битола, 5 мај 2023 (МИА) - Општина Битола подготви проектна документација и склучи договор со изведувачот „Јоска транс“, со што наскоро ќе почнат градежните работи за нов кружен тек на улица „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“ (место викано кај Ветеринарната станица).

Од Општина Битола информираат дека за изградба на новиот кружен тек обезбедени се 11,8 милиони денари, во кои е вклучена канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување.

-Со завршувањето на овој проект, ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот од крстосница со сигнализација во крстосница со кружен тек на која ќе биде поставен и споменикот на македонскиот револуционер и војвода, Александар Турунџев, посочија од Општина Битола.

Од локалната самоуправа информираат дека во моментот се работи на улиците „Зборска“, во населбата „Недопирливи“, пешачка патека во должина над еден километар кон Долно Оризари, партерно уредување кај Офицерскиот дом на површина од 2.100 метри квадратни, а во тек е и првата фаза од адаптацијата на објект за ветеринарна заштита на кучиња скитници. мт/цр

Фото: Општина Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан