• понеделник, 23 декември 2024

Промовирани можности за поддршка на постојни микро, мали и средни претпријатија со потенцијал за раст

Промовирани можности за поддршка на постојни микро, мали и средни претпријатија со потенцијал за раст
Скопје, 14 април 2022 (МИКА) - Проектот „ЕУ за економски раст“ објави повик за предлози од постојни микро, мали и средни претпријатија со потенцијал за раст кои се основани во Северна Македонија и имаат канцеларии и вработени во Северо-источниот, Полошкиот, Југо-западниот регион и Преспа (Општина Ресен). Од канцеларијата на ГИЗ – Германското друштво за интернационална соработка во Скопје денеска информираат дека грантовата шема е во висина од вкупно 4.5 милиони евра наменети за поддршка во привлекување на инвестиции, надградување на менаџерските, техничките и оперативните капацитети, подобрување на перформансите, зголемување на извозот и профитот, креирањето на нови работни места (особено за луѓе помлади од 40 години, жени и ранливи категории на граѓани). Посебен фокус ќе биде ставен на воведување на нови производи и услуги, придонес кон зелената економија и креирање на мерки за нула загаденост и нула отпад со кои ќе се влијае на намалувањето на негативните ефекти врз животната средина и климатските промени. Предлог проектите можат да траат најдолго 18 месеци, висината на грантовите се движи од 50.000 до 300.000 евра, а сумата за која се аплицира ќе покрие од 20 од 50 проценти од вкупниот буџет на проектот. Целосниот повик може да се најде на следниот линк. На повикот може да се пријават правни лица кои: согласно критериумите за мали и средни претпријатија имаат помалку од 250 вработени и/или чиј годишен обрт не надминува 50 милиони евра и/или се основани на територијата на Северна македонија најмалку 36 месеци пред истекот на рокот за аплицирање на повикот; имаат канцеларии и вработени во Северо-источниот, Полошкиот, Југо-западниот регион и Преспа (Општина Ресен); имаат доволно технички, финансиски и менаџерски капацитети да го имплементираат предлогот; се директно одговорни за подготовка и менаџирање на активноста и не се појавуваат во улога на посредници; се вклучени во други активности на проектот „ЕУ за економски раст“ и ќе поднесат документ подготвен од локална организација за поддршка на бизнисите (на пример план за инвестиции, план за развој и слично) во кој се предлогот е идентификуван како потребен и истиот се препорачува. Со цел детално запознавање на заинтересираните претпријатија за аплицирање на овој повик, тимот на проектот „ЕУ за економски раст“ ќе организира информативни сесии во следните термини и региони: Северо-источен регион - 20.04.2022, Крива Паланка, Општина Крива Паланка, 10 часот; 20.04.2022, Кратово, Општина Кратово, 14 часот и 21.04.2022, Куманово, Општина Куманово, 11 часот Полошки регион – 19.04.2022, Тетово, 11 часот и 20.04.2022, Гостивар, Младински ресурсен центар – iCan, 15 часот Југо-западен регион – 15.04.2022, Дебар, Општина Дебар, 11 часот; 18.04.2022, Охрид, Општина Охрид, 10 часот; 18.04.2022, Струга, Сала на Советот на Општина Струга, 14 часот и 20.04.2022, Кичево, Китино Кале, 11 часот Преспа – 19.04.2022, Ресен, Општина Ресен, 11 часот Проектот е ко-финансиран од Европската Унија и германското Сојузно министерство за економија и енергетика, а спроведуван од страна на канцеларијата на ГИЗ – Германското друштво за интернационална соработка во Скопје и Area Science Park од Италија.фф/лв/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан