Промовирана монографија за тетовското планиско село Ѓермо
- Во Тетово е промовирана книгата „Монографија: Ѓермо – традиционалното образование на шарпланинскиот регион“ на авторот Шериф Сулејмани. Монографијата е структурирана во поглавја кои го дименз

Тетово, 25 ноември 2020 (МИА) - Во Тетово е промовирана книгата „Монографија: Ѓермо – традиционалното образование на шарпланинскиот регион“ на авторот Шериф Сулејмани. Монографијата е структурирана во поглавја кои го димензираат образовниот, културниот и спортскиот живот, но исто така и социјалниот живот во ова планинско село.
- Оваа книга претставува голема вредност за денешната култура, едукација и образувание, туку е еден спомен за повеќе изминати векови. Повеќето податоци се обезбедени од разговори во живо и интервјуа, што ја прави оваа монографија жива и привлечна за читање. Оваа методологија што ја користи авторот се чини дека сака да ги фати последните столбови на меморијата зачувана во приказните на луѓето, како и да обезбеди континуитет со печат на овие приказни исполнети со изворни податоци, истакна рецензентот Бардуљ Заими.
Авторот, Шериф Сулејмани, детството го поминал во ова село и истакна дека памети голем број податоци за неговиот роден крај.
- Секако за да се создаде оваа книга имав многу соработници, тие што помогнаа со разни информации, докази и аргументи. Монографијата покрај живописните наративи на учесниците и очевидците на разни настани, содржи податоци од 16 век, обезбедени од државните архиви на Македонија, Албанија, Бугарија и османлиските тефтери, истакна Сулејмани.
Ова е трета книга на авторот, инаку пензионеран просветен работник и педагог. ас/сп/
