• сабота, 23 ноември 2024

Промовирана книгата „Лидерството и мирот“ од Весна Дамчевска-Илиевска

Промовирана книгата „Лидерството и мирот“ од Весна Дамчевска-Илиевска
Скопје, 7 јуни 2022 (МИА) - „Лидерството и мирот“ е насловена книгата на Весна Дамчевска-Илиевска промовирана вчера во просториите на Меморијалниот центар Фондација „Никола Кљусев“ во Скопје. Според авторката, книгата е сублимат од идеи до истражувања, искуства, препораки на темата  која, како што вели, е нејзин предизвик. 

-Креирање и имплементирање стратегија за постојано подобрување на лидерството е една од препораките која е во содржината на оваа книга. Најзначајно од се е да се размислува за поттикнување на процес на самоперцепција, саморефлексија, самопрочистување, самопочитување, самовладеење, да научиме да бидеме лидери на сопствениот живот, да развиваме позитивни емоции и карактеристики. Бидејќи мирот започнува од секој од нас. Немирот е присутен насекаде, во сите сфери на живеење. Мировното лидерство, значи поддршка, заемност, соработка, градење доверба, охрабрување, постојано подобрување, учење, изјави Дамчевска-Илиевска.

Од вештините на лидерството наведени во книгата, таа го посочи позитивното критикување, давање и примање критика која поттикнува на размислување и развој, наспроти критизирање и етикетирање со негативна нота.

е кажете: лесно е да се каже, но ајде како да се направи тоа. И навистина е така. Затоа има процес на постојано учење, едукација која овозможува подобрување на вештините со кои се поттикнуваат позитивни карактеристики кај луѓето, додаде авторката.

Книгата ја промовираа рецензентите Виолета Арнаудова и Олга Мурџева Шкариќ, а од име на Меморијалниот центар Фондација „Никола Кљусев“ се обрати Људмил Кљусев. хс/дма/

Остани поврзан