• понеделник, 30 март 2026

Променливо облачно, температурата до 18 степени

Променливо облачно, температурата до 18 степени

Скопје, 30 март 2026 (МИА) - Времето денеска ќе биде облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната од 10 до 18 степени. 

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 15 степени.

Веќе од утре под влијание на циклонска активност, се очекуваат нови врнежи од дожд. Променливото облачно и посвежо време ќе се задржи во текот на целата работна недела. Врнежите ќе бидат пообилни во среда и четврток кога се очекува локално да наврнат и над 20 l/m², а на планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец. Утринските температури наместа ќе се спуштат и под нула, а дневните во четврток ќе достигнат максимум до 12 степен. бак/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан