Променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне
- Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

Скопје, 23 март 2025 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, особено попладне. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 19 степени.
УХМР информира дека под влијание на влажни воздушни маси од југ, од денеска следува период на променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локално врнежите ќе имаат пороен карактер и ќе бидат проследени со грмежи и силен ветер (над 60км/час). Поинтензивни процеси се очекуваат од средината на следната седмица кога наместа ќе наврне поголема количина на дожд (над 20л/м2 за 24 часа). цр/
Фото: МИА архива