• вторник, 27 август 2024

Променливо облачно со сончеви периоди

Променливо облачно со сончеви периоди
Скопје, 29 септември 2022 (МИА) - Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и особено во посеверните делови ќе има краткотраен пороен дожд и услови за појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од УХМР. Минималната темпертура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната од 22 до 29 степени. Во Скопје ќе биде сончево со умерена променлива облачност и со умерен јужен ветер. Во делови од регионот ќе има услови за краткотарен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Минималната темпертура ќе биде околу 10, а максималната ќе достигне до 23 степени. До сабота, како што велат од УХМР, ќе преовладува променливо облачно време со умерен, повремено засилен јужен ветер. Во сабота ќе биде претежно облачно и нестабилно со поројни врнежи од дожд, наместа пообилни, а од недела ќе започне да дува северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат. дма/мд/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан