• сабота, 21 декември 2024

Пролонгиран рокот за аплицирање по отворениот јавниот повик за негувател/ки во Делчево

Пролонгиран рокот за аплицирање по отворениот јавниот повик за негувател/ки во Делчево
Делчево, 4 ноември 2021 (МИА) - Пролонгиран рокот за аплицирање по отворениот јавниот повик за негувател/ки за помош и нега на стари лица и лица со попреченост. Конкурсот кој Општинската организација на Црвен крст го реализира со поддршка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) е отворен за сите заинтересирани долгорочно невработени лица од Делчево и Македонска Каменица, кои ќе пружаат услуги на територијата на општините Делчево и Македонска Каменица.
 -Сакаме да ги известиме сите заинтересирани од горенаведените категории граѓани дека повикот е продолжен до 08.11.2021 година. Ги очекуваме сите  невработени граѓани на општина Делчево и Македонска Каменица кои сакаат да се стекнат со бесплатен Сертификат за негувателка на стари и изнемоштени лица  кој е државно признат, истакнаа од Црвен крст Делчево како имплементатори на проектот.
Кандидатите како што додадоа треба да се македонски државјани и да имаат наполнето најмалку 18 години.
- Кандидатите треба да имаат општо-физичка способност за работа, со минимум завршено основно образование, да бидат мотивирани за работа со стари и немоќни лица и лица со попреченост. По обуката ќе бидат вклучени како негуватели во сервисите за нега во домашни услови, додадоа од Црвен крст Делчево.
Заинтересираните кандидати како што напоменаа можат да се пријават на е-маил delcevo@redcross.org.mk, на телефон 070/254-650 или канцеларијата на Црвен Крст во Делчево. вс/дма/

Остани поврзан