ПроКредит Банка со голема акција за пошумување на голини во реонот на Свети Николе

ПроКредит Банка како општествено одговорна компанија продолжува со организација и реализација на зелени активности, како дел од иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам.
На 11ти ноември организиравме трета голема акција за пошумување во соработка со ЈП Национални Шуми. Пошумување се изврши во регионот на Свети Николе, кој важи за предел со слаби врнежи и недоволна покриеност со шума.
„Оваа акција за садење дрва е под иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам, со која го заокружуваме есенските активности за пошумување на зелени површини во 2021 година. Засадивме 3.800 садници од дрвниот вид Аризонски Чемприс и Црн Бор на површина од 1,5 хектари заедно со ЈП Национални Шуми.
Кампањата #СеГрижамДелувамМенувам е платформа која опфаќа разновидни активности во доменот на зачувување на животната средина во борба против климатските промени. Грижата за околината во која живееме и работиме е наш приоритет и сакаме преку нашиот личен пример да ги мотивираме и поттикнеме сите општествено одговорни компании да ни се приклучат за заедно да го намалиме негативното влијание кое го имаме кон животната средина.“ – Изјави Методија Миноски раководител на одделот за животна средина во ПроКредит Банка.
____________________________________________________________________________
MИА - ОТС Комерцијални соопштенија
Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

