• сабота, 23 ноември 2024

ПроКредит Банка организира садење дрва во соработка со Општина Аеродром

ПроКредит Банка организира садење дрва во соработка со Општина Аеродром
Број на објава: 663/05/21 Датум: 26.05.2021 Клучни зборови: ПроКредит Банка   ПроКредит Банка како дел од иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам, во соработка со Општина Аеродром донираше садници и заедно организиравме акција за засадување на  дрва и жива ограда во дворот на ОУ„Љубен Лапе“со цел зачувување на животната околина во која живееме и работиме. Со оваа акција, ПроКредит Банка заедно со своите вработени придонесува за подигнување на еколошката свест и подобро утре за сите нас. „Оваа пролетна акција за садење дрва е дел од иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам, преку која во текот на целата година организираме различни активности со кои сакаме да дадеме придонес во зачувување и унапредување на животната средина. Имајќи предвид дека аерозагадувањето е еден од најсериозните проблеми во нашиот град, со посадување на зеленило сите заедно може да придонесеме за почист воздух и здрава животна средина.“ – Изјави Методија Миноски координадорт на одделот за животна средина во ПроКредит Банка.   МИА - ОТС Комерцијални соопштенија  Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.

Остани поврзан