ПроКредит Банка и во 2021 година со акција за пошумување на голини во реонот на Кавадарци
- ПроКредит Банка како општествено одговорна компанија и во 2021 година продолжува со организација и реализација на зелени активности, како дел од иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам.

Број на објава:651/03/21
Датум: 18.03.2021
Клучни зборови: ПроКредит Банка
На 16ти март ја организиравме втората поголема акција за пошумување во соработка со ЈП Национални Шуми. Пошумување се изврши во ридно – ерозивен терен кој е во склоп на ШСЕ,,Тиквеш,, оддел 1/б место викано Журов Дол,, по течението на реката Луда Мара во КО Ваташа.
„Оваа акција за садење дрва е под иницијативата #СеГрижамДелувамМенувам, а воедно и првата со која ги започнуваме активностите за садење на зелени површини во 2021 година. Засадивме 2.895 садници од дрвниот вид Cupressus arizonica-аризонски чемпрес на површина од 1,5 хектари заедно со ЈП Национални Шуми.
Кампањата #СеГрижамДелувамМенувам е платформа која опфаќа разновидни активности во доменот на зачувување на животната средина во борба против климатските промени. Грижата за околината во која живееме и работиме е наш приоритет.“ – Изјави Методија Миноски координадорт на одделот за животна средина во ПроКредит Банка.
МИА - ОТС Комерцијални соопштенија
Напомена: Оригинален текст. За содржината е одговорен нарачателот.


